Дома Топ вести „Eл Паис“ открива: Посебната клазула во договорот Нејмар стартува од 1-ви септември!

„Eл Паис“ открива: Посебната клазула во договорот Нејмар стартува од 1-ви септември!

neymar

Според однесувањето изгледа дека најскапиот фудбалер на светот, Нејмар баш и не го интересира премногу тимот на Пари Сен Жермен.

Одличниот фудбалер во овој момент во Бразил се опоравува од тешката повреда. Како што наведува „Ел Паис“ од ПСЖ побарале Нејмар да се врати во Франција и таму да продолжи со опоравувањето, но фудбалерот тоа го одбил.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Не успеале да го убедат да дојде во Париз, ја пропушти и прославата на титулата, а тоа многумина му го замерија. Сепак во ПСЖ немаа храброст да му изречат одредена казна.

Споменатиот медиум наведува и дека Нејмар во Париз би можел да помине само уште една сезона. Имено, стигнаа до информации за клазула во неговиот договор според која од 1 септември 2018 години тој може да си замине за помала сума отколку што тоа би било случај ова лето.

Не се наведуваат бројки, но се претпоставува дека ако сега ПСЖ бара 400 милиони, тогаша цената би изнесувала најмногу 300, што секако повторно не е мала сума.

Нејмар оваа сезона во ПСЖ одигра 30 натпревари и постигна 28 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Шешко

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазаро…