Македонија ја елиминираше Италија во полуфиналниот бараж за Светското првенство, а нашата репрезентација во финалето беше запрена од Португалија. Елиф Елмас кој не настапи против „Аѕурите“ на италијанската јавност и порача дека жали што Италија вторпат по ред нема да игра на еден Мундијал.
Минатиот викенд Елмас постигна гол во победата на Наполи против Аталанта, а со тој триумф Наполи ја продолжи трката за Скудетото со Милан и Интер. Меѓутоа покрај трката за Скудетото, една од главните теми на Апенините, посебно кога се македонските фудбалери во прашање е елиминацијата на Италија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За Македонија тоа беше победа од соништата. Јас не играв поради суспензија, но сон е на секого да се победи селекција како Италија. Жал ми е за Италија, имам многу пријатели Италијанци и секако дека оваа земја заслужува да игра на Светско првенство. Против нас играа одлично, но во фудбалот не победува секогаш подобриот“, изјави Елмас.