Дома Фудбал Репрезентации Eдна репрезентација на седум дена пред стартот на квалификациите се откажа од СП 2026

Eдна репрезентација на седум дена пред стартот на квалификациите се откажа од СП 2026

Фудбалската репрезентација на Еритреја воопшто нема да учествува во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Оваа селекција се откажа на само седум дена пред првиот натпревар. Информацијата ја потврди ФИФА, но без да ги открие причините.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„ФИФА и ЦАФ потврдуваат дека Еритрејскиот фудбалски сојуз се повлече од натпреварувањето за пласман на Мундијалот во 2026 година“, стои во соопштението од Светската фудбалска федерација.

Еритреја требаше да игра во групата Ф со Мароко, Замбија, Конго, Танзанија и Нигер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Кој е еден од најголемите „симулатори“ во македонскиот фудбал? Ако влегува во шеснаесетникот – влегувај со него!

Дејан Јакимовски беше гостин во „Уште еден подкаст“ каде што најмногу зборуваше за ВАР сис…