Дома Фудбал Останато Eден од најпознатите црногорски фудбалери се соочува со можна затворска казна!

Eден од најпознатите црногорски фудбалери се соочува со можна затворска казна!

Екс-репрезентативецот на Црна Гора, Мирко Вучиниќ се соочува со проблеми во Италија.

Вучиниќ се обвинува за затајување на данок, медиумите пишуваат дека станува збор за сума од 13 милиони евра во период од 2014 до 2017 година, сума која Вучиниќ не ја пријавил на надлежните.


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Италијанското обвинителство за ова дело бара казна затвор во времетраење од четири години. Но, нејасно е зошто Италијанците го гонат Вучиниќ за период во кој тој не играше во Италија. Во споменатиот период Вучиниќ го носеше дресот на Ал Џазира во Обединетите Арапски Емирати.

Токму ова е најголемиот адут на одбраната на фудбалерот, одлуката за случајот би требало да биде донесена на 19. октомври.

Мирко Вучиниќ е големо фудбалско име во Италија бидејќи во најсилната италијанска конкуренција собра 466 настапи, постигна 155 гола и запиша 70 асистенции играјќи за Лече, Јувентус и Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан ја сака ѕвездата на Рома

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е заинтересиран за напаѓачот на Рома, Таму Аб…