
Италија по трет пат по ред не успеа да се квалификува за Светското првенство.
Љубителите на фудбалот на „чизмата“ се разочарани. И токму кога почнаа да го забораваат фијаското што им се случи во Зеница, се појави нов шок – скандал околу местење.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Имено, судијата со ФИФА значка Џанлука Роки е обвинет и е под истрага за недозволени дејствија.
Се сомнева дека како комесар за судење на Серија А и Серија Б делегирал судии по вкусот на Интер. Посебно внимание се обрнува на поставувањето на судијата Андреа Коломбо на натпреварот Болоња – Интер кој се одигра на 20 април 2025 година.
Роки тврди дека е невин, дал оставка и се фокусирал на судскиот процес. Сака да ја докаже својата невиност.
– Сигурен сум дека секогаш постапував правилно и имам целосна доверба во правдата. Ова е болна, тешка одлука за правилно водење на судскиот процес, од која сум сигурен дека ќе излезам неповреден и посилен од порано. Постојат самои еден начин да се заштити спортскиот систем во сите негови аспекти и да се почитуваат навивачите, ентузијастите и спортските љубители, почнувајќи од фудбалот: транспарентност, навремена комуникација и еднаков третман кога се решаваат обвинувања за непочитување на спортските правила, особено кога имаат потенцијални кривични последици. И тоа да се прави секогаш и со сите, тврди Роки.
Веднаш потоа се огласи и министерот за спорт во Владата на Италија, Андреа Абоди, кој изјави дека ќе има последици доколку се утврди одговорност.