Дома Фудбал Анчелоти пред голем проблем – без фудбалер на Реал Мадрид на СП

Анчелоти пред голем проблем – без фудбалер на Реал Мадрид на СП

Фудбалерите на Реал Мадрид Арда Гулер и Едер Милитао ќе отсуствуваат од терените до крајот на сезоната поради повреди на задно бедро, кои ги заработија на натпреварот со Алавес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, проблемот на Милитао би можел да биде посериозен.

Мигел Анхел Дијаз од радиото „Cadena COPE“, тврди дека нема шанси дефанзивецот да биде во тимот на Бразил за Светското првенство, кое почнува на 11 јуни во Канада, Мексико и САД.

„Едер Милитао ќе мора на операција поради нова повреда на задната ложа на левата нога. На Бразилецот му се отвори лузна од старата повреда која ја заработи во декември против Селта. За жал, ќе го пропушти Мундијалот“, пишува Дијаз.

Ако ова се претвори во официјално, тоа ќе биде голем хендикеп за тимот на Карло Анчелоти, кој секако сметаше на услугите на фудбалерите на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …