Дома Фудбал Диоманде од 100.000.000? 

Диоманде од 100.000.000? 

Деветнаесетгодишниот крилен фудбалер на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, би можел да биде една од ѕвездите на летниот трансфер период, со оглед на тоа дека со својата извонредна игра предизвика голем интерес низ цела Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Секако, Баерн е првиот кој застана во ред за ова момче од Брегот на Слоновата Коска, но големиот клуб од Минхен ќе се соочи со конкуренција меѓу водечките премиерлигаши, како и најдобрите клубови од Шпанија…

Неговата пазарна вредност веќе се проценува на 100 милиони евра, се очекува дека и „Transfermarkt“ ќе го потврди тоа на крајот на сезоната, со оглед на тоа дека на тој специјализиран сајт во март беше проценет на 75 милиони евра.

Но, интересот на големите клубови, како и сумата која се споменува, не го загрижуваат премногу извршниот директор на РБ Лајпциг, Оливер Минцлаф, кој зазел став дека не треба да се брза со продажба на играч кој не поминал ни цела година во клубот.

Да потсетиме, Диоманде во јули минатата година пристигна во Лајпциг од шпанскиот Леганес, во трансфер вреден 20 милиони евра и овој потег веќе сега би можел многукратно да се исплати за германскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чешка и Јужна Африка не успеаја да се победат и ги намалија своите шанси за понатамошно квалификување

Чешка и Јужна Африка не успеаја да се победат и завршија 1:1 во нивниот втор натпревар во …