Дома Фудбал Фудбалскиот свет зборува за тоа што му кажа англискиот новинар на Гвардиола: Баш како вашите навивачи!

Фудбалскиот свет зборува за тоа што му кажа англискиот новинар на Гвардиола: Баш како вашите навивачи!

Манчестер Сити вчера успеа да го победи Саутемптон (2:1) и да се пласира во финалето на ФА Купот, но главната тема во британската јавност беше прес-конференцијата на Пеп Гвардиола и тоа што му дофрли еден од новинарите на шпанскиот тренер.

По победата на „Граѓаните“ се одржа прес-конференција на Пеп Гвардиола, а фудбалската јавност зборува за „дискусијата“ што ја имаше со еден од новинарите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Гвардиола коментираше дека нема многу новинари на прес-конференцијата иако натпреварот беше многу важен, но малкумина очекуваа дека еден од новинарите ќе го провоцира тренерот на Сити на таков начин јавно.

„Нема многу новинари? Како натпреварот да не беше важен… Но, најдобрите се тука, нели?“, прокоментира Пеп, а потоа се вклучи еден од новинарите.

„Токму како вашите навивачи“, рече алудирајќи на не баш сјајната посета на Етихад во поголем дел од сезоната.

„Да, во право си. Ќе дојдат на финалето, ќе видиш“, додаде Гвардиола, но беше видливо изненаден од тоа што го кажа новинарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез почна со акција: На сите им е јасно кое ќе биде првото засилување за Реал Мадрид

Флорентино Перез одлучи дека на лето ќе направи одредени промени во играчкиот состав на Ре…