Дома Фудбал Друштво за Несторовски: Уште еден Македонец потпиша за Славен Белупо

Друштво за Несторовски: Уште еден Македонец потпиша за Славен Белупо

Македонскиот интернационалец со шведско потекло, Леонард Жута, од денеска е нов фудбалер на хрватскиот прволигаш Славен Белупо, каде ќе биде соиграч на Илија Несторовски.

Искусниот лев бек, кој има 33 години, добро му е познат на хрватскиот фудбалски простор. Тој од 2015 до 2019 година беше дел од Ријека, а минатата сезона настапуваше за Шибеник, каде забележа 28 настапи. Во својата досегашна хрватска кариера има одиграно вкупно 167 натпревари, при што постигна три погодоци и оствари девет асистенции.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Покрај настапите во Хрватска, Жута има меѓународно искуство во неколку европски лиги. Играл за шведските клубови Бромапојкарна и Хакен, за норвешка Валеренга, како и за италијанскиот Лече.

За македонската репрезентација има запишано 15 настапи, а последен пат го носеше националниот дрес во 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер од Премиер лигата за Рома

Рома договори трансфер на холандскиот напаѓач Дониел Малeн од Астон Вила на позајмица, со …