Дома Фудбал Драма за трансферот на Ѓокереш – дури и татко му се расплакал

Драма за трансферот на Ѓокереш – дури и татко му се расплакал

Можниот трансфер на шведскиот голгетер Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон во Арсенал стана една од најжешките теми во тековниот летен преоден рок. Иако се чинеше дека преговорите се во напредна фаза, ситуацијата во последните денови се комплицира и зделката е сè поблиску до колапс.

Причината за тоа, според медиумските извештаи, лежи во високите финансиски побарувања на португалскиот клуб. Спортинг, наводно, не отстапува од цената од 80 милиони евра, сума што Арсенал засега не е подготвен да ја плати. Иако топџиите испратиле конкретна понуда која не се смета за ниска, таа е далеку од очекувањата на лисабонскиот клуб.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Оваа одлука на Спортинг предизвика многу реакции, бидејќи се смета дека клубот не покажува почит кон сè што Ѓокереш направи за нив во изминатите сезони. Наместо да ја прифати понудата и да му овозможи голем чекор напред во кариерата, клубот наводно ја заострува позицијата и со тоа дополнително го комплицира процесот.

Според шведски медиуми, состојбата особено тешко ја поднесува семејството на Ѓокереш. Наводно, неговиот татко дури и се расплакал во петокот, разочаран од начинот на кој се развиваат настаните, бидејќи сите надеваа дека трансферот ќе се реализира без поголеми пречки.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ во Милано го носи асот на Манчестер Сити!

Како што пренесуваат британските медиуми, Лука Модриќ, кој сè уште игра на фантастично нив…