Дома Останати Кошарка Драма во НБА Купот; Хјустон го победи Голден Стејт и се пласираше во полуфинале (Видео)

Драма во НБА Купот; Хјустон го победи Голден Стејт и се пласираше во полуфинале (Видео)

Во ноќта помеѓу среда и четврток Атланта Хокс се пласираа во полуфиналето на НБА купот победувајќи ги Њујорк Никс, а истото го направија и Хјустон Рокетс со тирумфот против Голден Стејт Вориорс.

Кошаркарите на Хјустон Рокетс победија со резултат од 91:90 против Голден Стејт Вориорс минатата ноќ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Полуфиналето на НБА купот ќе се игра овој викенд во Лас Вегас, а „последниот удар“ го направи Џејлен Грин од линијата за слободни фрлања и така им донесе победа на Рокетс со резултат 91:90.

Стеф Кари при водство 90:89 имаше отворен шут за три поени со којшто можеше да стави точка на оваа средба, но промаши и следуваше жестока битка за офанзивни скокови.

Голден Стејт имаше можност за победа на самиот крај, но Џабари Смит го блокираше обидот за тројка на ривалот.

Хјустон со оваа победа ја прекина серијата од 15 последователни порази против Голден Стејт, остварувајќи ја првата победа во меѓусебните дуели од 20 февруари 2020 година.

Во полуфиналето, Рокетс ќе играат против Оклахома Сити, која во вторник ја елиминираше Далас Маверикс во вториот четвртфинален натпревар на Западната конференција.

Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ се појави на Евробаскетот, па покажа колку знае фудбал (Видео)

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс и член на словенечката репрезентација, Лука Дончиќ, е по…