Дома Фудбал Драма во домот на поранешниот претседател на УЕФА: Крадци му украле повеќе од 20 трофеи!

Драма во домот на поранешниот претседател на УЕФА: Крадци му украле повеќе од 20 трофеи!

Францускиот фудбалски легенд и поранешен претседател на УЕФА, Мишел Платини, се соочи со провала додека спиеше во својот дом близу Марсеј.

Неговите складишта во градината и гаражата беа обиени, а исчезнаа повеќе од 20 трофеи и медали што ги собирал со години.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Настанот се случи во раните утрински часови на 18 јули, околу 5:30 часот. Платини беше разбуден од шума во дворот и забележа замаскирана личност во црно пред прозорецот на неговата куќа. Веднаш потоа сфати дека му се одзедени бројни трофеи и медали и веднаш ја извести полицијата за инцидентот.

Според извештаите на RTL, инспекторите откриле траги од провала на еден од влезовите во куќата и во помошниот складиштен простор во градината каде што биле чувани трофеите.

Истрагата што ја води обвинителството во Марсеј го класифицираше случајот како кривично дело на тешка кражба и локалните полициски единици започнаа истрага за пронаоѓање на сторителите.

Според достапните информации, Платини немал физички контакт со сторителите и не е повреден. Вредноста на потереното уште не е целосно проценета, но губењето на овие спортски и приватни спомени претставува емотивен и финансиски удар за некогашниот “Крал на фудбалот” и троен освојувач на Златната топка.

Воедно, Платини неодамна беше повторно ослободен од обвиненијата за корупција што го отстранија од фудбалот како претседател на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Играч на бразилски второлигаш кој се бори за опстанок го сруши Бразил

Бразил ја забележа својата шеста загуба во квалификациите за Светското првенство 2026 годи…