
ПАРИ СЕН-ЖЕРМЕН го договори доаѓањето на голманот Лукас Шевалие (23) од Лил и сега е отворен за преговори околу продажба на Џанлуиџи Донарума. Италијанскиот репрезентативен голман брани за парискиот тим од 2021 година, но е во недоразбирања со ПСЖ околу продолжувањето на соработката. Кориере дело Спорт, италијанскиот спортски дневник, истакнува дека ПСЖ е спремен да преговара.
“Иднината на Џанлуиџи Донарума може да биде далеку од Париз. Голманот на италијанската репрезентација и ПСЖ сѐ уште не успеа да постигне договор за продолжување на договорот, кој истекува во јуни 2026 година. Донарума постојано изразуваше желба да остане во француската метропола, но ПСЖ, користејќи ја таа негова заложба, му понуди договор со пониски примања. Оваа понуда не го задоволи тимот на Донарума,” се наведува во текстот.
Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓
Во претходната сезона, Донарума прими 43 гола во 47 натпревари и успеа да ја зачува својата мрежа без примени погодоци во 17 од нив. ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, Лига 1 и францускиот Куп. Проблем за клубот е неговата плата од 12 милиони евра во годината.