
Кошаркарите на Бостон загубија на гости кај Портланд, а конечниот резултат на овој натпревар беше 114:108.
Првото полувреме од натпреварот беше многу изедначено, но гостите имаа убаво водство на паузата.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Имено, по првиот дел резултатот беше 66:55 во корист на Бостон.
Сепак, веќе во третата четвртина домашните ја намалија разликата, а на крајот стигнаа до победа од 114:108.
Портланд до победата ги водеа Шарп со 26 поени, пет скока и една асистенција, како и Авдија со 24 поени, седум скока и 10 асистенции.
Најдобар во поразот на Бостон беше Браун кој постигна 37 поени и имаше седум скока и четири асистенции.
Лука Гарза на овој натпревар постигна пет поени и имаше три скока.
Лука Дончиќ ја водеше екипата на Лејкерс до победа против Сакраменто, а резултатот беше 125:101 за домашните.
Првото полувреме донесе одлична игра на Лејкерс кои на паузата заминаа со предност, а резултатот тогаш гласеше 68:53.
И третата, но и последната четвртина отидоа на страната на домашните кои на крајот славеа со 24 разлика.
Дончиќ постигна 34 поени, и имаше пет скока и седум асистенции, а го следеше Леброн Џејмс со 24 поени, три скока и пет асистенции.
.