Дома Останати Кошарка Дончиќ не може глава да крене, медиумите повторно го нападнаа – јадел хамбургер! (Видео)

Дончиќ не може глава да крене, медиумите повторно го нападнаа – јадел хамбургер! (Видео)

Во подготовките за новата НБА сезона, како и сите други тимови, и Лејкерс почнаа со тренинзи оваа недела. Но, фокусот беше врз Лука Дончиќ, кој беше “уловен” како јаде хамбургер во автомобилот, откако претходно се обидуваше стриктно да се придржува до својата диета.

Физичката трансформација на Лука Дончиќ беше една од најразговараните теми летово, бидејќи многу пати во минатото беше критикуван за прекумерната тежина.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


И тренерот на Лејкерс, Џеј Џеј Редик, се огласи по ова прашање. Иако не го спомена директно словенечкиот кошаркар, беше јасно дека неговите коментари се однесуваат на Дончиќ.

По завршувањето на првата сезона, тренерот потенцираше дека тимот мора да ја достигне “формата за шампионат” во следните подготовки и тренинзите што ги изведуваат покажуваат стремеж кон оваа цел.

Од своја страна, Дончиќ спомена дека не се работи само за физичка, туку и за ментална подготовка.

“Не е само физичката подготовка значајна, туку и менталната. И двете се многу важни. Се работи на тоа и резултатите се веќе видливи. Тимот е во одлична форма и сите многу трчаат, што значи дека се движиме во вистинскиот правец,” изјави Дончиќ.

И покрај сè, Дончиќ беше виден оваа седмица како купува храна од познатиот ланец за брза храна “In-N-Out Burger” во Калифорнија.

Фотографиите брзо станаа вирални и повторно ги разгореа критиките на социјалните мрежи, меѓу фановите кои се прашуваат дали Дончиќ ќе продолжи со истите навики и оваа сезона.

На почетокот на минатата НБА сезона, Лука Дончиќ тежеше 104 килограми, а по една година напорни тренинзи, неговата тежина порасна на 111 килограми.

Американските медиуми го припишуваат ова на тоа дека густината на мускулите е поголема од онаа на масните клетки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ им држи лекции на судиите, а тие мирно стојат и слушаат (Видео)

Екипите се подготвуваат, а од Никола Јокиќ повторно се очекува да го води Денвер Нагетс. С…