
Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер и Сан Антонио Спарс одиграа одлично и се пласираa во полуфиналето на НБА Купот, по вчерашните победи против Феникс Санс и против Лос Анџелес Лејкерс. Натпреварите се преселуваат во Лас Вегас, каде за два дена ќе играат Тандер со Спарс и Орландо Меџик со Њујорк Никс за да се одредат финалистите. Финалниот натпревар е закажан за вторник.
Лука Дончиќ постигна 35 поени, обезбеди пет скока и осум асистенции. На другата страна, Леброн Џејмс имаше учинок од 19 поени, 15 скока и осум асистенции за Лејкерсите, на кои ова им беше само третиот пораз во последните 12 натпревари. Виктор Вембањама пропушти веќе дванаесетти натпревар поради повреда на листот.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Во полуфиналето се најде и екипата со најдобар резултат во лигата – Тандер. Во натпревар во кој никогаш не заостануваа, играчите на ОКС триумфираа убедливо со 138:89. Најголемата предност што ја остварија на натпреварот изнесуваше +53.
Во шеснаесеттата последователна победа за Тандер, се истакнаа Шеј Гилџис-Александeр со 28 поени (шут 11/15) и осум асистенции, како и Чет Холмгрен со 24 поени (шут 9/13) и осум скока. Најдобриот стрелец на Санси беше Дилон Брукс со 16 поени.