Дома Останати Кошарка Дончиќ по „шлаканицата“ за Оклахома откри што го мотивирало

Дончиќ по „шлаканицата“ за Оклахома откри што го мотивирало

Пoлеснo отколку што можеше да се предвиди, кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс во недела навечер лесно излегоа на крај со Оклахома Тандер, најдобрата екипа на Западната конференција, а најефикасен играч на мечот за „езерџиите“ беше Лука Дончиќ, кој откри што ги мотивираше неговите тим.

Само еден час пред почетокот на дербито во Оклахома, кошаркарите Реал Мадрид славеа во „Ел класико“ против Барселона, што според зборовите на Дончиќ даде посебна инспирација за неговиот тим.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Тимот беше особено мотивиран бидејќи Реал победи Барселона. Тренерот ни рече дека треба да бидеме силни и агресивни во мечот и резултатот нема да изостане. Така и се случи. Би додал дека и протокот на топката беше доста добар“, рече Дончиќ по мечот кој би можел да биде пресвртница за тимот на Лејкерс.

Фото: Los Angeles Lakers/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Готово: Најтрофејниот клуб во НБА лигата се продава за шест милијарди долари!

Управниот одбор на НБА лигата го одобри преземањето на Бостон Селтикс од страна на група и…