Милвоки и Оклахома се првите две екипи кои обезбедија учество во полуфиналето на НБА купот, а ноќта ја одбележа Лука Дончиќ кој имаше ужасен настап.
Оклахома го реши мечот против Далас во третата четвртина. На полувремето Оклахома имаше плус три, а потоа ја доби третата четвртина со 33:19 и стигна до огромни плус 17.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Главните ѕвезди на Далас Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг беа запрени од Оклахома, односно Лука постигна „само“ 16 поени и 11 скокови со шут од игра 5 од 15, додека Ирвинг имаше еден поен повеќе со шут 7 од 14.
На другата страна блесна Шеј Гилџис-Александар со 39 поени и осум скокови, додека него го следеше Џејлен Вилијамс со 18 поени.