
Возачот на Априлија, Марко Бецеки, победи на Големата награда на Тајланд, со која започна овогодинешниот Мото ГП шампионат.
Италијанецот на патеката „Чанг“ во Бурирами ја постигна својата трета последователна победа во кариерата, со што стана првиот во историјата на Априлија што го постигнал тоа. Бецеки се најде на највисокото место на победничкиот подиум по 13-ти пат во кариерата, и седми пат во кралската класа.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Популарниот Бек ја помина целната линија со предност од пет секунди пред Педро Акоста, победникот на саботниот спринт, додека на третото место на победничкиот подиум се најде Раул Фернандес од Трекхаус.
Трката ја обележа и ситуацијата шест круга пред крајот, кога Марк Маркез мораше да се откаже поради проблем со гумата која му се одлепи. На тој начин, дојде крај на неверојатната серија на Дукати, бидејќи по 1.798 дена ниту еден возач од италијанскиот тим не стигна до подиумот.