Дома Останати Кошарка Докторска игра на Дончиќ – со трипл-дабл ги растури „воините“ (Видео)

Докторска игра на Дончиќ – со трипл-дабл ги растури „воините“ (Видео)

Кошаркарите на Далас Маверикс во Калифорнија ја победија екипата на Голден Стејт Вориорс со резултат 143:133, а јунак на триумфот беше репрезентативецот на Словенија Лука Дончиќ.

Лука одигра натпревар за паметење. Натпреварот го заврши со импресивен трипл-дабл – постигна 45 поени (10/12 за два, 6/11 за три, 7/9 слободни фрлања), со 11 скока, 13 асистенции и три украдени топки.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


На овој натпревар падна рекорден број тројки во историјата на NBA – дури 48! Вориорс реализираа 27 од 54 обиди, додека Мавси упатија 21/41 за три поени.

Освен Лука, блескаше и поранешниот суперѕвезда на Вориорс Клеј Томпсон, кој постигна 29 поени со седум погодени тројки, додека Ирвинг натпреварот го заврши со 21 поен.

Вориорс беа предводени од Вигинс со 29 поени и Стеф Кари со 26 поени и 10 асистенции. Одлична партија даде и ветеранот Дрејмонд Грин кој постигна 21 поен.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На Дончиќ му се заврте во глава од магичните потези на Кари (Видео)

Кошаркарите на Голден Стејт, предводени од одличниот Стеф Кари, го совладаа тимот на Лос А…