Дома Фудбал Договорен најголем трансфер во историјата на женскиот фудбал

Договорен најголем трансфер во историјата на женскиот фудбал

Канаѓанката Оливија Смит стана најскапата фудбалерка во историјата, откако европскиот шампион Арсенал ја купи за рекордни 1.1 милион евра. Досегашната 20-годишна фудбалерка на Ливерпул потпиша четиригодишен договор со Арсенал. Станува збор за најскапиот трансфер во историјата на женскиот фудбал. Претходниот рекорд изнесуваше милион евра, колку што Челси плати на Сан Диего за Наоми Гирма во јануари.

„Привилегија и чест е да се потпише за Арсенал. Мојот сон е да се натпреварувам за титули во Англија и Европа и сум возбудена што ќе започнам и придонесам за ова во Арсенал”, рече Смит, која игра на позицијата напаѓач. Смит стана професионалка во 2023 година, откако настапуваше на американскиот универзитет.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На Ливерпул му се приклучи од Спортинг за нешто повеќе од 200.000 фунти, изјави Би-Би-Си. Минатата сезона постигна девет голови во 25 настапи за Ливерпул. Женскиот тим на Арсенал има освоено 15 титули на првенството на Англија, а минатата сезона го освои и вториот трофеј во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона избегна голем неуспех против Бриж, Манчестер Сити го растури Дортмунд

Манчестер Сити не остави никакви шанси на Борусија Дортмунд и триумфираше со 4:1 на „Етиха…