
Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски е пред нов предизвик во кариерата. Откако по завршувањето на минатата сезона се раздели со белградски Партизан, кој не ја активираше клаузулата за негов откуп од Акрон Тољати, левиот бек е на чекор до договор со српскиот суперлигаш ТСЦ Бачка Топола.
Како што пренесува „Моцарт Спорт“, клубот од Бачка Топола е подготвен да плати 100.000 евра за да ги обезбеди услугите на Димоски и да го доведе од рускиот тим со кој тој има важечки договор.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Фудбалерот од Струга во „црно-белиот“ дрес настапи на само четири натпревари во пролетниот дел од сезоната, каде што пристигна на позајмица со можност за траен трансфер. Димоски во 2023 година се пресели од италијанска Брера во редовите на Акрон Тољати, но сега се очекува дефинитивно да стави крај на руската авантура.
Досега, 24-годишниот лев бек има запишано 20 настапи за македонската репрезентација.