Дома Топ вести Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот Картагена дури по продолженијата со конечни 2-1, а главен човек на мечот беше македонскиот голман Столе Димитриевски.

Домашниот тим прв се радуваше – Ортуно успеа да го матира Димитриевски, па Картагена замина на одмор со минимално водство од 1-0.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тоа резултатско водство траеше до 80. минута, кога Белтран со прецизен удар донесе израмнување и ја врати Валенсија во игра.

Клучниот момент се случи во самиот финиш од продолженијата – во 121. минута Васкез стрелаше за 2-1, но претходно Димитриевски одлично го одбрани ударот од белата точка на Санчез и го сочува голот на својот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челси во преговори за ново засилување за Росениор (Фото)

Челси наводно подготвува изненадувачки потег и сака да го доведе Даглас Луиз на заем до кр…