Дома Фудбал Диего Коста: Конте е најлошото што може да ти се случи

Диего Коста: Конте е најлошото што може да ти се случи

Поранешниот напаѓач на Челси и Атлетико Мадрид Диего Коста зборуваше за периодот во Лондон, каде што работеше со Антонио Конте. Бразилецот постигна 20 голови во првенството за сезоната 2016-2017 и имаше главна заслуга „сините“ да станат шампиони. Но, следното лето Конте му соопштува на играчот дека нема да се потпира на него и тој се враќа во Атлетико Мадрид.

„Не е нормално за еден тренер да не смета на својот најдобар стрелец. Му објаснив дека не заслужувам таков однос по мојот придонес за успесите на Челси. Тој ми рече дека таквото однесување е неприфатливо“, сподели Коста во подкастот на Џон Оби Микел.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Веројатно имаше некои скриени мотиви, бидејќи знаеше колку е нечесна ситуацијата. Како човек е најлошото нешто што може да го имаш секојдневно. Нема доверба во другите. Мисли дека знае сè. Не уживаш во тренинзите со него. Секогаш е лут, гледа мрачно, полн е со горчина. Веројатно дома не добива доволно внимание“, додаде тој.

„Жално е, бидејќи се чувствував многу среќен во Челси. Но, не сакав да создавам проблеми на клубот. Соиграчите сакаа да се вратам. Никој од нив не го сакаше. Затоа не се задржа долго. Титулата што ја освои со Челси ја освои и со мене, за негова несреќа“, рече бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем со изненадувачка понуда за дефанзивецот на Ливерпул

Тотенхем преговара со Ливерпул за доведување на Анди Робертсон, јавува “Атлетик̶…