Дома Фудбал Џеко веќе е пред заминување од Фиорентина, се појавија и фаворити за неговиот потпис

Џеко веќе е пред заминување од Фиорентина, се појавија и фаворити за неговиот потпис

Доаѓањето на Един Џеко во Фиорентинна беше најавувано како едно од најголемите засилувања во летниот трансфер период на Серија А. Но, оваа приказна изгледа дека ќе заврши неславно по завршувањето на само една полусезона. Лошите резултати на клубот и слабите настапи на босанскиот напаѓач ги натераа управата и навивачите на клубот да очекуваат неговото заминување уште во јануари, иако останува извесно дека тој нема да ја напушти Италија.

По заминувањето од Фенербахче на почетокот на сезоната, Џеко не успеа да ги исполни големите очекувања во Фиорентина. Со клубот на самото дно на табелата, италијанските медиуми го посочија како еден од поискусните играчи одговорни за катастрофалната сезона. 39-годишниот Џеко беше под постојана критика и беше одбележан како “вишок” во тимот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


“Може да кажете дека сме слаби, дека не го заслужуваме дресот, сето тоа е во ред, нема проблем. Но, ако играме дома, тогаш ни треба поддршка од навивачите наместо свирежи за секоја грешка. Ова не е во ред.

Ако треба да свирите, направете го тоа по крајот на натпреварот, но за време на играта ни е потребна вашата поддршка. Сите да, не играме добро, но сепак ни е потребна вашата помош“, изјави Џеко во директен обраќај до навивачите по натпреварот против АЕК во Конференциската лига.

Статистиката дополнително ги потврдува причините за незадоволството. Во 17 официјални натпревари за Фиорентина, Џеко постигна само два гола, што е далеку под неговото богатство и искуство. Поради ова, разделбата стана реална можност за двете страни.

Според информации од турскиот Mynet, Џеко нема да ја напушти Серија А. Најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува Џенова, која е веќе во завршна фаза на преговори со босанскиот напаѓач. Овој клуб од Џенова е многу упорен во намерата да го донесе и трансферот може да се официјализира уште во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oфицијално: Брендан Роџерс има нов клуб!

Фудбалскиот клуб Ал Кадисија од Саудиска Арабија денеска официјално објави дека нов тренер…