Дома Фудбал Џака се враќа во Англија во изненадувачки трансфер

Џака се враќа во Англија во изненадувачки трансфер

Сандерленд го ангажира своето деветтото засилување ова лето, откако искусниот играч од средината, Гранит Џака, го потпиша трансферот од Баер Леверкузен за сума од околу 20 милиони евра.

Џака склучи двегодишен договор со екипата од североистокот на Англија, по исклучително успешниот период во Леверкузен, каде помина две сезони, освојувајќи двојна круна и играше финале во Лига Европа.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Триесет и двегодишниот Швајцарец, кој често ја носеше капитенската лента во германскиот тим, повторно се враќа во Премиер лигата каде помина седум години играјќи за Арсенал.

Интересно е што оваа вест за трансферот се појавува само неколку дена откако новиот тренер на Леверкузен, Ерик тен Хаг, јасно изјави дека Џака останува во клубот и дека тимот не смее да си дозволи да го загуби.

Сепак, Сандерленд успеа да го реализира овој изненадувачки трансфер во рамките на амбициозниот летен период на засилувања, во кој досега потрошија над 120 милиони евра.

Меѓу досегашните нови засилувања се наоѓаат и имињата како што се Хабиб Диара, Ноа Садики, Чемсдине Талби, Саймон Адингра и Ензо Ле Фе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети ја менува формацијата и го враќа Влаховиќ на клупата?

Лучано Спалети денес официјално ќе биде претставен како нов тренер на Јувентус, а веќе се …