Дома Фудбал Детали за тешката сообраќајка во која загина поранешен хрватски репрезентативец

Детали за тешката сообраќајка во која загина поранешен хрватски репрезентативец

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи минатата ноќ во Карловац загинаа две лица, меѓу кои и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец Никола Покривач, јавија хрватските медиуми.

Во краткото соопштение, полицијата наведува дека судирот се случил на обиколницата Туран и дека учествувале четири патнички возила. Три лица беа пренесени во здравствена институција за да им се укаже помош.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во автомобилот со него беа и неговите тројца соиграчи од локалниот четвртолигаш НК Војник, за кој тој играше по завршувањето на професионалната кариера, а од трите повредени лица во несреќата, двајца се фудбалери на овој клуб.

Другото лице кое загина се наоѓаше во друго возило, а „Јутарњи“ јавува дека тоа лице било во Ауди со австриски регистрации, кој претекнувал и директно удрил во БМВ во кое беа Покривач и играчите на Војниќ.

Во Аудито беа и сопругата и ќерката на загинатиот, рекле сведоци за „Јутарњи“.

– Мене ме претекна тој човек, а потоа сакаше и да претекне и човек пред него. Штом се извлече, налета БМВ-то и директно се судрија. Тој човек го следеше неговата сопруга со уште двајца деца. Сè видоа. Отидов до БМВ-то, тргнав кон вратата и погледнав внатре, но видов дека сите беа… – рече еден од сведоците.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рекорд: Баерн Минхен направи нешто што не му успеало на ниту еден гигант во топ-5 лигите

Фантастичен подвиг за Баерн Минхен. Баварскиот гигант постави нов рекорд во европскиот фуд…