Дома Фудбал Дешам најави кој може да го наследи на клупата на Франција: Тој е идеален кандидат

Дешам најави кој може да го наследи на клупата на Франција: Тој е идеален кандидат

Пред еден месец, Дешам го најави своето заминување, а неодамна во интервју за L‘Equipe даде поддршка на Зидан како можен наследник.

Зинедин Зидан би можел да ја преземе француската национална фудбалска репрезентација следната година, што многумина го сметаат за природен избор откако актуелниот селектор Дидие Дешам најави повлекување по Светското првенство 2026.


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


„Секако дека помеѓу нас постои голема почит. Последниот пат се сретнавме летото 2023 година и треба да се видиме следното лето, од истите причини. Зизу е многу добар кандидат, природен и, би рекол, очекуван. Меѓутоа, не знам дали тој сака да стане селектор“, изјави Дешан за L‘Equipe.

Зидан веќе долго време се смета за главен фаворит за оваа позиција. Освен што е легенда на францускиот фудбал, неговата кандидатура е поддржана и од успешната тренерска работа во Реал Мадрид, со кој освои три Лиги на шампиони и две шампионски титули на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Составите на Реал и Манчестер Сити, Холанд започнува на клупата

Реал Мадрид го пречекува Манчестер Сити во вториот натпревар од плејофот на Лигата на шамп…