Дома Фудбал Дербито Пелистер – Вардар ќе има и хуманитарен карактер!

Дербито Пелистер – Вардар ќе има и хуманитарен карактер!

Дербито помеѓу Пелистер и Вардар кое на програмата е веднаш по репрезенативната пауза ќе има и хуманитарен карактер.

Имено, од битолскиот клуб информираа дека сите собрани средства од билетите ќе бидат донирани за настраданите во трагедијата во Кочани.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„ФК Пелистер ја известува јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во дискотеката во Кочани. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот да учествуваат во оваа хуманитарна акција“, објави Пелистер.

Билетите за натпреварот ќе имаат цена по 200 денари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постекоглу: Не ми е гајле што мислат во Манчестер јунајтед

Менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, бурно реагираше на прашањето на новинарот на прес-…