Денес на програмата е 6-то коло од Лигата на шампиони, а секако најголемо внимание предизвикува дуелот помеѓу Аталанта и Реал Мадрид.
Аталанта не знае за пораз
Аталанта не ја отвори добро серзоната, но после првите некоку кола влезе во одлична форма. Тимот на Гасперини сега е во серија на победи и веројатно во најдобра форма во лигата. Аталанта е лидер на табелата во Серија А и игра одлично и во Лигата на шампиони. Тимот на Гасперини нема пораз на повеќе од десет меча, па во идеален момент го пречекува Реал Мадрид. Аталанта на овој меч ќе има и додатен мотив да им се „одмазди“ на кралевите за поразот во Суперкупот пред почетокот на сезоната. Што се однесува до ЛШ тимот од Бергамо е во одлична позиција да избори пласман во плеј-офот бидејќи после пет одиграни кола има три победи и две ремија.
Реал мора да победи
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Реал Мадрид оваа сезона не игра добро во Лигата на шампиони и се доведе во исклучително незавидна ситуација. После пет одиграни кола „кралевите“ имаат дури три порази и моментално се на 24-то место на табелата. Тоа значи дека Реал мора да победи на овој меч за да ги задржи шансите за пласман во следната фаза. Во спротивно тоа би бил голем неуспех за актуелниот европски шампион и ќе следува голем потрес во Мадрид. Медиумите најавуваат дека доколку Реал не победи на овој меч Карло Анчелоти може да добие отказ. Италијанецот знае колку е тешко да се победи Аталанта во Бергамо каде во последно време паднаа многу големи тимови. Притоа, кралевите имаат проблеми со повреди.
Очекување
Дуел на два тима кои играат отворен фудбал и имаат одлични напади, па веруваме дека ќе биде ефикасен меч со голови на двете страни.