Дома Останати Кошарка Денвер може и без Јокиќ

Денвер може и без Јокиќ

И покрај тоа што на овој натпревар го немаше најдобриот светски кошаркар Никола Јокиќ, Денвер успеа да го победи Лос Анџелес Клиперс (126:103).

Во отсуство на Никола Јокиќ, Џамал ​​Мареј беше најефикасен кај тимот со 21 поен, а го следеа Расел Вестбрук и Мајк Портер Јуниор кои постигнаа по 19 поени.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Денвер одигра одлична партија, покажувајќи дека можат да играат и без Јокиќ, кој поради болест отсуствуваше на овој меч.

Клиперси беа најблиску до водство на самиот старт од мечот кога резултатот беше 3:3, но Денвер во тој момент погодија тројка и од тој момент до крајот на мечот го одржуваа водството.

Со оваа победа Денвер се искачи на четвртото место во Западната конференција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шенѓун ги „пецна“ Грците со една од најголемите трагедии (Фото)

Турскиот кошаркар Алперен Шенѓун по полуфиналната победа над Грција и пласманот на неговат…