Дома Фудбал Денес треба да биде и официјално: Роналдо заминува!

Денес треба да биде и официјално: Роналдо заминува!

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо се разделува со саудискиот клуб Ал Наср.

Според информациите од новинарот на „Марка“, Хозе Феликс Диаз, оваа вест ќе биде потврдена од спортскиот директор на клубот, Фернандо Ијеро, на прес-конференцијата денес.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Роналдо веќе го навести крајот на партнерството, кога по последниот натпревар на социјалните мрежи објави фотографија во дресот на клубот со текст дека „ова поглавје е затворено“.

Од своето пристигнување во 2023 година постигна 99 гола, но не успеа да освои трофеи. Заради тоа, се насочи кон ново поглавје во кариерата.

Се зборува дека Роналдо има понуди од различни страни. Мексиканскиот Монтереј му понудил договор, а „Футмеркато“ објави дека и Ал Хилал изразил интерес.

Фото: Al Nassr/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Гвардиола му работат зад грб, но Шпанецот е мирен: Се подготвува ли фудбалска предавство на деценијата?

Манчестер Сити оваа сезона е во борба за трофеи. Тие сè уште се во игра на четири полиња и…