Дома Фудбал Дембеле, Мбапе, Рафиња, Салах: ФИФА ги објави кандидатите за наградата „The Best“

Дембеле, Мбапе, Рафиња, Салах: ФИФА ги објави кандидатите за наградата „The Best“

ФИФА ја објави листата на кандидати за најдобар играч, тренер и голман во женската и машката конкуренција за 2025 година.

За најдобар фудбалер на годината конкурираат 11 играчи – Французите Усман Дембеле и Килијан Мбапе, Шпанците Педри и Ламине Јамал, Англичаните Хари Кејн и Кол Палмер, Португалците Нуно Мендес и Витиња, Мароканецот Ашраф Хакими, Бразилецот Рафиња и Египќанецот Мохамед Салах.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кај девојките на листата се дури 17 кандидатки, при што по пет претставнички имаат актуелните светски шампионки Шпанки, и европските шампионки Англичанки.

Кај тренерите за наградата конкурираат Хавиер АгиреМикел АртетаЛуис ЕнрикеХанси ФликЕнцо МарескаРоберто Мартинез и Арне Слот, а во женскиот фудбал Сонија Бомпастор, Џонатан Жиралдез, Себ Хајнс, Рене Слегерс и Сарина Вијгман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија повторно тагува, “азурите” го пропуштаат третото по ред светско првенство

Италија не успеа да се квалификува на трето по ред светско првенство. “Азурите”…