Дома Фудбал Дембеле е nнајсериозен кандидат за “Златната топка”

Дембеле е nнајсериозен кандидат за “Златната топка”

Ѕвездата на Пари Сен Жермен Усман Дембеле дефинитивно е меѓу водечките кандидати за освојувач на годинашната “Златна топка”.

Тоа е мислењето на француското издание “Екип” по синоќешниот триумф на парижаните во Лигата на шампионите. Интересно е што компанијата сопственик на овој реномиран весник исто така го издава и магазинот “Франс Футбол”, кој го доделува најпрестижниот индивидуален приз во фудбалот.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Од “Екип” го истакнуваат фактот дека Дембеле не успеа да постигне гол при триумфот со 5:0 над Интер, но ја посочуваат неговата игра со две асистенции и учество во уште еден гол на натпреварот во Минхен. Покрај тоа, се потсетува дека напаѓачот има вкупно 46 голови придонеси во 49 натпревари оваа сезона: 33 гола и 13 асистенции. На оваа импозантна статистика треба да се додаде и трите освоени титули за време на актуелната сезона: титулата во Лига 1, Купот на Франција и трофејот во Лигата на шампионите.

Тренерот на ПСЖ Луис Енрике исто така повика Дембеле да биде награден за своите впечатливи настапи. “Би ја дал “Златната топка” на г. Усман Дембеле. Начинот на кој играше во одбрана вечерва… Само по себе тоа заслужува “Златна топка”. Така се води еден тим: голови, трофеи, лидерство, одбрана, притискање. Усман е мојата “Златна топка”, немам сомнеж за тоа”, категорично рече шпанскиот стручњак по синоќешниот триумф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“: Лука Модриќ се сели во Милано

Лука Модриќ на крајот на сезоната се прости со Реал Мадрид каде изгради легендарен статус,…