Дома Фудбал Деко: Кога имате фудбалери како Јамал, Кубарси, Гави и Балде, не е потребно да купувате играчи

Деко: Кога имате фудбалери како Јамал, Кубарси, Гави и Балде, не е потребно да купувате играчи

Спортскиот директор на Барселона, Деко, изрази несогласување со теоријата дека клубот дава повеќе шанса на своите играчи од академијата само поради лошата финансиска состојба.

Тој ги спомена фудбалерите како Ламин Јамал, Гави, Пау Кубарси, Алехандро Балде и Марк Касадо, кои имаат доволно квалитет да играат во Барселона, наместо клубот да бара на пазарот играчи на нивните позиции.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Ставот на спортскиот директор е дека прво треба да го погледнете што веќе имате во клубот и потоа да се свртите кон трансферниот пазар. Кога имате играчи како Ламин Јамал, Пау Кубарси, Гави, Алехандро Балде и Марк Касадо, кој веќе е важен за нас, не е потребно да бидете на пазарот. Не е потребно да купувате играчи.

Луѓето ми велат: „Поради финансиската ситуација Барселона користи млади играчи“. Тоа не е точно. Користиме млади фудбалери затоа што се доволно добри. Ако не се добри, невозможно е да играат за Барселона. Имавме среќа во однос на квалитетот на оваа генерација, бидејќи не ни беше потребно да купуваме фудбалери на неколку позиции. Ла Масија ни помогна.

Главната наша идеја не е да продаваме играчи. Барселона не е клуб што сака да го прави тоа. Но секако, треба да се подобриме во тој поглед, бидејќи понекогаш мора да продаваш. За да продаваш млади фудбалери, ти е потребна контрола. Треба да обрнуваш внимание кога им истекуваат договорите. Треба да изработиш план за нивната иднина“, изјави Деко во интервју за „Тајмс“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тер Штеген продолжи со тренинзи, ќе се подготвува за трансфер

Поранешниот прв чувар на мрежата и капитен на Барселона Марк-Андре тер Штеген продолжи со …