Дома Фудбал Деко ги “олади” навивачите на Барселона: “Никогаш не се разгледуваше враќањето на Меси”

Деко ги “олади” навивачите на Барселона: “Никогаш не се разгледуваше враќањето на Меси”

Познатиот аргентински фудбалер Лионел Меси по сè изгледа нема наскоро да го облече дресот на Барселона бидејќи спортскиот директор на овој клуб, Деко, истакна дека враќањето на актуелниот играч од Интер Мајами во овој момент не е тема на “Камп Ноу”.

И покрај тоа што Меси е со договор врзан за франшизата во Флорида, навивачите на Барселона не губат надеж за неговото враќање, што според Деко веќе не е можно во овој момент.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Не мислам дека е можно затоа што Лео е под договор со Интер и тоа никогаш не се разгледуваше. Лео секогаш е Лео и би можел и понатаму да допринесе на резултатите. Тој е одличен, но тоа не е нешто за кое ќе разговараме. Сегашната ситуација по тоа прашање е само на ниво на шпекулација”, изјави спортскиот директор на Барселона, гостувајќи во радио емисија на “Кадена Сер”.

Носител на многубројни рекорди за Барселона, Меси и понатаму е омилен меѓу навивачите, бидејќи тие го скандираат неговото име на секој натпревар, што за Деко не е изненадување, бидејќи го смета за најдобар играч кој играл за овој клуб.

“Лео ќе има доживотно влијание на Барселона. За мене, Лео е најдобриот играч во историјата на клубот, заедно со Јохан и Рони. Бидејќи и јас сум од таа генерација, нормално е да не го забораваме Меси”, рече Деко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус повторно се обидува да го врати Коло Муани

Јувентус повторно ја разгледува можноста за враќање на напаѓачот Рандал Коло Муани во клуб…