
Ова ќе биде последното гостување на Црвените ѓаволи на Гудисон, затоа што Евертон во следната сезона ќе игра на својот нов стадион. Имаше многу интересни натпревари меѓу двете страни низ текот на годините и децениите, а Мојс повторно ќе ги води Карамелите против клубот чиј менаџер беше помалку од десет месеци во сезоната 2013/14.
Дејвид ја доби неблагодарната задача да влезе во големите чевли што ги остави Алекс Фергусон на Театрот на соништата и логично, следеше пад, затоа што Фергусон беше повеќе од менаџер, а клубот не беше подготвен за неговото заминување.
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Помладиот Шкот мораше да го испие горчливиот пијалак, од 51 меч на кормилото на Јунајтед освои 27, со девет нерешени и 15 порази. Тaa сезона заврши со четири меча на крајот како привремен менаџер Рајан Гигс, а Јунајтед се позиционираше како седми на табелата.
Евертон оваа сезона до доаѓањето на Мојс се наоѓаше во опасната зона, но со 13 бодови од последните пет натпревари, тимот моментално во најдобра форма во Премиер лигата. Против слаб и неубедлив Јунајтед е фаворит, секако е поблиску до победата, а Мојс беше запрашан да спореди каков тренер е сега во однос на пред 12 години кога дојде на Олд Трафорд откако помина 11 сезони на клупата на Евертон.
„ Бев подготвен да се борам против целиот свет како менаџер на Евертон и Манчестер Јунајтед во тоа време“, вели Дејвид и продолжува.
„Отказ во Јунајтед, тоа е нешто што го прифатив како дел од животот на фудбалски менаџер. Морате да најдете начин да се вратите и тоа го направив по разочарувањето од загубата на работата во Манчестер. Каков сум сега? Можеби малку поумен. Тоа доаѓа со годините. Сега ми е тешко да ги гледам секој натпревар на играчите до 18 или 21 година, како што правев во минатото. Работата на менаџерот денес носи повеќе обврски отколку што беше пред 15 или 20 години. Има многу повеќе што се однесува на работата со играчите. Многу повеќе медиуми. Работите се менуваат и се обидувате да се менувате во согласност со тоа. Понекогаш помага тоа искуство. Понекогаш можете да се смирите, но тоа што сум помирен не значи дека имам недостаток на страст. Користам повеќе луѓе да ми помогнат, така што не сè е на менаџерот. Имаме многу тренери кои си помагаат едни на други. Сум се променил? Можеби малку. Не морам постојано да се борам против целиот свет, што беше чувството кога почнав да се занимавам со оваа работа“, вели стратегот на Евертон.