Дома Фудбал Дарко Велковски се враќа во Вардар, со него пристигнува и српско крило!

Дарко Велковски се враќа во Вардар, со него пристигнува и српско крило!

Екипата на Вардар денеска треба да го комплетира ангажманот на две нови засилувања, откако клубот потврди дека е постигнат договор со Дарко Велковски и со српскиот офанзивец Стефан Цветковиќ. Официјализацијата на соработката се очекува во текот на денот.

Велковски се враќа во редовите на „црвено-црните“ како слободен играч, по раскинот на договорот со босанскиот шампион Зрински. За него ова ќе биде втор мандат во Вардар, откако во периодот од 2015 до 2018 година беше еден од клучните фудбалери на тимот. По заминувањето од Скопје настапуваше за Ријека, Ал-Етифак, Динамо Букурешт, Ниреѓихаза и Зрински.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ново име во составот на Вардар ќе биде и 28-годишниот Стефан Цветковиќ, кој пристигнува од српскиот тим Железничар Панчево. Станува збор за крилен офанзивец кој игра по левата страна и важи за фудбалер со солидно искуство.

Цветковиќ своите фудбалски почетоци ги имаше во Црвена звезда, а во текот на кариерата настапуваше и за Графичар, Бачка Топола, Металац и Раднички Ниш, додека надвор од Србија беше дел од летонскиот РФС Рига. Иако во овој преоден рок имал понуда и од Сараево, српскиот фудбалер решил да ја прифати понудата на Вардар и да ја продолжи кариерата во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За Баерн нема кој да брани: Младо момче мора на гол оти друг избор нема!

Вистински хаос се случува во Минхен. Причината се голманите кои Баерн веќе ги нема на расп…