Дома Фудбал Данскиот стопер ја заврши кариерата на 35 години

Данскиот стопер ја заврши кариерата на 35 години

Симон Кјер ја заврши професионалната кариера.

Овој фудбалер од заминувањето од Милан на 30 јуни беше без клуб, а последниот натпревар го одигра на 8 јуни против Норвешка во пријателскиот меч за репрезентацијата на Данска.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Имаше неколку понуди летово и тоа од екипи од Лигата на шампионите, но ги одби сите.

“Сега е навистина време да го завршам овој дел од мојот живот. Во мислите, сакав да ја завршам кариерата во Милан. Знам дека вака далеку во мислите и со процесите во својата глава не можев да имам подобар крај на кариерата”, рече тој.

Инаку, овој фудбалер во текот на својата кариера играше за Мидтјиланд, Палермо, Волфсбург, Рома, Лил, Фенербахче, Севиља, Аталанта и Милан.

За репрезентацијата на Данска одигра 132 натпревари, постигна и 5 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драма околу трансферот што ќе го собори рекордот во Англија

Александар Исак, шведскиот напаѓач и една од најголемите ѕвезди на Њукасл Јунајтед, е во ф…