Дома Фудбал Останато Даниела Алексовска утре ќе се бори за финале на Светско првенство!

Даниела Алексовска утре ќе се бори за финале на Светско првенство!

Македонската ММА борачка Даниела Алексовска, која во февруари стана европска шампионка, утре ќе ја има својата нова голема битка – полуфинале на Светското првенство што се одржува во Тбилиси, Грузија.

Нејзина ривалка ќе биде претставничката на Азербејџан, Нармин Алиева, а мечот е закажан за 9 часот наутро по македонско време.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Алексовска во рингот влегува само две недели по последната победа, кога во Скопје на настанот „Армада“ ја совлада Романката Лаида Флочеа.

Полуфиналниот дуел на македонската борачка ќе може да се проследи во живо на телевизискиот канал „Арена Фајт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Адесања е три години без победа – доживеа нов тежок пораз (Видео)

Поранешниот владетел на средната категорија на УФЦ, Исраел Адесања, забележа четврти после…