Дома Фудбал Даниел Аврамовски ќе игра за еден од најпознатите клубови во Турција!

Даниел Аврамовски ќе игра за еден од најпознатите клубови во Турција!

Македонскиот фудбалер Даниел Аврамовски ќе продолжи со кариерата во Турција, откако денеска беше официјализирано неговото пристигнување во редовите на Сиваспор.

Аврамовски минатата сезона настапуваше за Болуспор, а потоа ја облече и опремата на Игдир, додека претходно во 2021 година беше дел од Кајсериспор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во својата кариера офанзивниот играч остави трага и во Вардар, Олимпија Љубљана, Војводина, Црвена звезда, ОФК Белград, Македонија ЃП и Работнички – клубот во кој ги направи првите чекори.

За репрезентацијата на Македонија Аврамовски има осум настапи, а последниот беше во 2021 година против Исланд, во квалификациите за Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mилан го реши голманското прашање до 2031 година!

Милан денеска соопшти дека капитенот на тимот и голман Мајк Мењан го потпиша новиот догово…