Дома Фудбал Лига на шампиони „Дамата“ спрема дочек за „граѓаните“

„Дамата“ спрема дочек за „граѓаните“

Денес продолжуваат натпреварите од Лигата на шампиони, а во фокусот ќе биде дуелот помеѓу Јувентус и Манчестер Сити.

Јувентус со голем пад на формата

Јувентус одлично ја започна сезоната во Лигата на шампиони со две победи и се чинеше дека тимот на Мота лесно ќе ја оствари целта за пласман во следната фаза. Меѓутоа, потоа следуваше голем пад на формата и на следните три меча освоија само два бода. Сега го доведоа во прашање пласманот во следната фаза, бидејќи следува најтешкиот меч за нив оваа сезона. Јувентус не игра добро ниту во Серија А, игра слабо во нападот и единствено добро нешто е одбраната. Домашниот терен е мала предност, но Јувентус би бил задоволен и со реми на овој меч.

Сити не личи на себе


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Манчестер Сити ја има една од најголемите кризи во ерата на Пеп Гвардиола. Веќе неколку кола не знае за победа како во Премиер лигата така и во Лигата на шампиони. Тоа резултираше со пад на табелата, па моментално се наоѓа на 19-то место на табелата. Готово сигурно го загуби чекорот за пласман во Топ 8, но сега треба да стравува за пласман меѓу најдобрите 24 тима кои одат во следната фаза. Интересно е што „граѓаните“ минатото коло имаа водство против Феенорд од 3:0 и на крајот одиграа реми. Во последните девет меча имаат само една победа, па сега и самодовербата на тимот е на ниско ниво. Ова може да биде клучен натпревар за тимот  на Гвардиола, а она што е важно е дека Де Брујне ќе биде спремен за игра.

Очекување

Дуел на два тима кои играат променливо, па очекуваме неизвесен меч, но исто така ефикасен со голови на двете страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Гвардиола ќе биде разочаран: Премиер лигата го одби неговото барање

Фудбалскиот календар и онака е пренатрупан, а оваа година дополнително ќе го оптовари Свет…