Дома Фудбал Дали е можно ова: Сер Алекс Фергусон обвинет за падот на Манчестер јунајтед

Дали е можно ова: Сер Алекс Фергусон обвинет за падот на Манчестер јунајтед

Манчестер Јунајтед моментално не е ниту сенка од клубот кој го гледавме во не така далечното минато.

Последната титула првак на Англија „Црвените ѓаволи“ ја освоија во 2013 година под водство на Сер Алекс Фергусон, во неговата проштална сезона.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Сепак, поранешниот играч и тековен стручен коментатор Гери Линекер смета дека токму Фергусон е виновен за сегашната состојба на Манчестер Јунајтед.

“Ако погледнеме Луиверпул, тие имаат нов тренер – Арне Слот, чиј успех е доказ за тоа како Јирген Клоп го остави клубот зад себе”, започна Линекер.

“Тоа не е така во случајот со Сер Алекс Фергусон. Знам дека ја освоија титулата во неговата последна сезона, но тоа не беше нивниот најдобар тим.”

„Многу играчи беа на крајот од своите кариери и мислам дека од тогаш започнаа нивните проблеми, кои траат и денес“, додаде Англичанецот.

Апсурдно е да се зборува така за најтрофејниот тренер во Англија досега, кој меѓу другото има 13 титули од англиската Премиер лига и три Лиги на шампиони зад себе.

Изјавите на Линекер наидоа на осуда и од навивачите на социјалните мрежи кои се во шок од тоа што изјавил Англичанецот.

“Како можеш така да зборуваш”, “Да ни беше сега еден Сер Алекс Фергусон на клупата”, “Срамота” се само некои од коментарите на навивачите.

Како и да е, Линекер сигурно е во право за една работа, а тоа е дека „Црвените ѓаволи“ одамна не биле во полоша ситуација отколку сега.

Моментално се наоѓаат на мизерното 14. место во англиската Премиер лига, а за викендот испаднаа и од ФА купот од екипата на Фулам.

Единствената шанса за трофеј оваа сезона што им остана е во рамките на Лига Европа, каде што задутре играат прв натпревар во осминафиналето против Реал Сосиедад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал ја доби првата рунда, Арсенал без милост

Во првиот натпревар, Реал извојува минимална предност против Атлетико со 2:1, додека Арсен…