Дома Останати Кошарка Далас свесно го „жртвувал“ Дончиќ, а Словенецот не знаел ништо

Далас свесно го „жртвувал“ Дончиќ, а Словенецот не знаел ништо

Неделното утро во НБА лигата осамна во нетипична атмосфера бидејќи долгогодишната ѕвезда на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, беше разменет во редовите на Лос Анџелес Лејкерс и целата приказна за заминувањето на словенечкиот кошаркар во Калифорнија доби нова димензија, бидејќи трејдот се одвиваше во строга тајност.

Оваа информација ја пренесе познатиот новинар од „ЕСПН“, Шемс Чаранија, изнесувајќи ја својата верзија на приказната за еден од најшокантните трансфери во историјата на НБА лигата, бидејќи во спротивниот правец замина Ентони Дејвис.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Познатиот новинар наведе дека Далас пред неколку дена стапиле во контакт со Лејкерс, нудејќи го Дончиќ за Дејвис, со што свесно влегоа во апсолутна промена на концептот на тимот, бидејќи со години наназад ја базираа играта околу Лука.

Чаранија додава дека планот на Маверикс е со доаѓањето на Дејвис, во тандем со Кајри Ирвинг, да нападнат она што со Дончиќ не успеаја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лудост на Амеериканците: Мундијалот во Лос Анџелес ќе го промовира – Дончиќ!

Словенечкиот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, беше именуван за официјален амб…