Дома Останати Кошарка Далас немоќен без најголемото засилување: Адетокумбо го водеше Милвоки до триумф во Тексас (Видео)

Далас немоќен без најголемото засилување: Адетокумбо го водеше Милвоки до триумф во Тексас (Видео)

Кошаркарите на Милвоки го победија Далас во Тексас со 132:117, потврдувајќи ја нивната одлична форма. Ова беше нивната шеста победа во последните седум натпревари.

Најефикасни кај победниците беа Јанис Адетокумбо со 29 и Демијан Лилард со 28 поени. Одличен беше и Гери Трент со 20 поени, а Кузма додаде десет поени со осум скокови.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Кајри Ирвинг со 31 поен беше најефикасниот играч на натпреварот, додека по 16 поени постигнаа Клеј Томпсон и Џејден Харди. Да потсетиме, поради повреда, во тимот на Далас сè уште го нема Ентони Дејвис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Историја во НБА: За првпат тројца браќа ќе играат во ист тим

Не е толку редок случајот во НБА лигата да гледаме браќа кои играат заедно. На пример, ова…