Агентот на Џими Батлер, Бернард Ли, се огласи по шпекулациите дека неговиот клиент го напушта Мајами Хит.
Како што објави добро информираниот новинар Шемс Чаранија, Мајами Хит е подготвен да се ослободи од Џими Батлер и наведе дека се заинтересирани тимовите на Далас, Голден Стејт и Хјустон, а последната информација беше интересот на Финикс Санс.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, изгледа дека Шемс Чаранија овој пат погреши или барем изнесе тврдење кое не требало да го дава во јавност, бидејќи агентот на Џими Батлер имаше што да каже по ова прашање.
„Во ред, слушај. Вчера ти прогледав низ прсти бидејќи бев зафатен, но доколку не престанеш да го користиш моето име додека пишуваш овие с**а, затоа што инаку не си вреден за моето време… Луѓе, овој ги измисли сите овие работи. Никогаш дури и не помислив дека нешто вакво може да ми помогне или на страната што ја претставувам за да направам било што од тоа што кажа овој ‘новинар’. Шемс, ова ти е последната шанса да се извиниш и да кажеш дека ‘ЧетГПТ’ ти ги напиша твитовите. Убав ден. Благодарам”, напиша Бернард Ли преку Твитер.