Дома Фудбал Даглас Луис веќе не е дел од плановите на Јувентус

Даглас Луис веќе не е дел од плановите на Јувентус

Бразилскиот играч, Даглас Луис, се наоѓа на чекор од заминување од Јувентус по само една сезона помината во Торино.

Имено, Даглас Луис, кој летото минатата година пристигна во редовите на Јувентус од Астон Вила за 50 милиони евра плус дополнителни бонуси, доби сериозни критики, откако без никакво предупредување го пропушти стартот на подготовките на тимот. Како резултат на неговото неочекувано отсуство, клубот од Торино најави дисциплински мерки.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во сезоната 2024/25, Луис одигра 27 натпревари за „Старата дама“, но не успеа да ги исполни очекувањата ниту во играчки, ниту во професионален аспект. Поради ова, сѐ почести се шпекулациите дека неговиот престој во Торино може да заврши уште ова лето.

Потенцијалниот трансфер не би бил мотивиран само од слабите настапи и дисциплинските прекршоци, туку и од финансиската рамка – продажбата би му овозможила на Јувентус средства за нови засилувања.

Иако претходно интерес за бразилскиот играч покажаа клубови од Премиер лигата и Саудиска Арабија, моменталната форма и неодамнешниот однос на Луис можат да ја отежнат реализацијата на неговиот трансфер.

До овој миг, не се знае каде ќе ја продолжи кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иновација на Луис Енрике: Натпреварот на ПСЖ го гледаше од новинарската ложга – еве и зошто!

Тренерот на Париз Сен Жермен, Луис Енрике, уште еднаш покажа зошто важи за еден од најкреа…