Дома Фудбал Да, не е грешка: Брентфорд сака фудбалер од 70 милиони евра!

Да, не е грешка: Брентфорд сака фудбалер од 70 милиони евра!

Деновиве е навистина изненадувачки што екипа од средината на табелата во Премиер лигата е подготвена да инвестира толку голема сума во еден играч. Сепак, инфлацијата своевидно промени фудбалскиот пазар и отвори ново поглавје…

Брентфорд оствари речиси 100.000.000 евра за време на актуелниот трансфер период, што им овозможува со право да го инвестираат износот кој го акумулираа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Најголем дел од овој прилив произлезе од трансферот на Брајан Мбуемо во Манчестер Јунајтед за 75.000.000 евра, додека капитенот Кристијан Норгард (Арсенал) и голманот Марко Флекен (Баер Леверкузен) го напуштија клубот за по 11.000.000 евра.

Како замена за извонредниот Камерунец дојде Данго Уатара, кој беше купен од Борнмут за 43.000.000 евра. Но, ако новиот план на „пчелите“ се реализира, момчето од Буркина Фасо нема да биде најскапото засилување на „Комујнити“.

Менаџерот Кит Ендруз е убеден дека неговиот тим би добил совршено засилување со Максимилијан Баер, 22-годишниот напаѓач на Борусија Дортмунд. Тој минатото лето дојде кај „милионерите“ од Хофенхајм за 28.500.000 евра, а сега, клубот од Вестфален има можност да оствари значителен профит за само една година, како што објави Bild.

Брентфорд, тимот од предградие на Лондон, е подготвен да издвои 70.000.000 евра за неговите услуги, што би претставувало нивниот најголем трансфер во историјата. Вредноста нема да биде исплатена одеднаш, туку ќе вклучува и значајни бонуси. Иако преговорите се во првата фаза, нема сомнение дека таква понуда е многу примамлива за клубот обележан во жолто-црно.

Баер има одиграно 47 натпревари за Борусија, со учинок од 10 голови и шест асистенции. Исто така има четири настапи за германската репрезентација, каде дебитираше во јуни минатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не е само Езе: Арсенал и Кристал Палас наскоро ќе потврдат уште еден трансфер!

Откако Еберечи Езе го напушти Кристал Палас за да се придружи на Арсенал, во спротивен пра…