
Кошаркарската репрезентација на Словенија доживеа четврти пораз во четири подготвителни натпревари пред Европското првенство. После два порази со Германија и еден со Литванија, денеска изгубија од Латвија со резултат од 100:88.
Но, најголемата загриженост за Александар Секулиќ не беше самиот пораз, туку повредата на словенечката ѕвезда Лука Дончиќ.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во првото полувреме Дончиќ беше најдоминантниот на теренот и заврши со 26 поени, пет асистенции и четири скока.
Во тие моменти Словенија имаше предност од два поени, 52:50, но само по четири минути од почетокот на второто полувреме, Дончиќ мораше да ја напушти играта поради повреда.
При судир со Марекс Мејерис, тој беше турнат, а откако падна на подот, неговиот соиграч Грегор Хроват му падна на ногата.
Словенскиот капитен, шепајќи, се упати кон соблекувалната со болни гримаси на лицето.
Дончиќ се врати по неколку минути со леден облог на десното колено. Како тоа изгледаше можете да погледнете на овој линк.