Дома Фудбал Црн ден за Манчестер Јунајтед и Тотнем: Вест Хем и Кристал Палас ги урнаа фаворитите (Видео)

Црн ден за Манчестер Јунајтед и Тотнем: Вест Хем и Кристал Палас ги урнаа фаворитите (Видео)

Манчестер Јунајтед продолжува со разочарувачките настапи во Премиерлигата. Овојпат „црвените ѓаволи“ беа поразени на „Олд Трафорд“ со 0-2 од тимот на Вест Хем, кој однесе вредни три бода од Манчестер. Слична судбина доживеа и Тотнем, кој на домашен терен загуби во лондонското дерби од Кристал Палас со ист резултат – 0-2.

Вест Хем го отвори резултатот во 26. минута преку Соучек, а со минимално водство замина на одмор. Во вториот дел, Јунајтед се обиде да се врати во игра, создаваше прилики, но неуспешно. Гостите знаеја како да го искористат тоа – Џерод Боуен го постави конечниот резултат од 0-2 и ги замолкна трибините на „Олд Трафорд“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во Лондон, Кристал Палас направи подвиг против фаворизираниот Тотнем. Еберечи Езе блесна со два брзи гола – првиот на самиот крај од првото полувреме (45′), а вториот веднаш по продолжението (48′).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го сака дефанзивецот на Јувентус

Барселона покажува интерес за бекот на Јувентус, Андреа Камбиазо, пренесуваат медиумите во…